прекоманда (ж.)
По неколку дена доби прекоманда во штабот на бригадата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Остани некој месец и побарај прекоманда. И немој да лудуваш.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Капетане! Овде Милорад. - И покрај кажаното име Саво не можеше да се сети, но се правеше дека го познава - Знаете, капетане, многу ми помогнавте околу прекомандата на синот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ајде да видиме. Да сме живи и здрави, - помирливо рече Снежана, но се сети на нешто и продолжи - Само да знаеш дека за сѐ се виновни твоите чести прекоманди.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Нели ти реков дека мојот пилот ми имаше зборувано за таа прекоманда.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таму дознав дека Мане го преместиле во Кичево, по прекоманда.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)