прелета св.

прелета (св.)

Наместа врз него прелетува темната сенка на облакот и се губи понесена од ветриштата што лудуваат таму на височините.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Отаде се Србите и Французите, а одоваде Германците и Бугарите. Пиле не може да прелета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги погледна двајцата уште еднаш и рече: - Деца, - рече, - штом како човек ме прашувате, како на луѓе ќе ви кажам:преку планина ни пиле не може да прелета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не сум можел да претпоставам дека сум пишувал и за нив, знаејќи добро дека ниту птица не би можела да ја прелета најчуваната граница во Европа!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Жеравите што прелетуваат од југ кон север носат убаво време, носат први вести за враќањето на пролетта.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Небаре како молскавица прелета пред неговите очи полицискиот камшик и на лицето почувствува пржење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Минаа години откако барем една птица прелетала низ големата слепа школка на небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Низ асфалтот на опустениот Град прелетуваа само рамномерните блесоци на светлечките реклами.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Над главите им прелета буф или некоја друга ноќна птица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Белата птица тажната птица прелета со претчувство на смрт.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ми прелетуваат одблесоци од вџашени лица и прозорци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јадрата сенка на прислужникот прелетуваше по ѕидовите. Бргу светлоста на денот го разгонуваше мракот во аглите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Оп, ми прелета пред нос еден галеб кој мигум се стори раскошна галабица. Павташе со крилјата во ритмот на Интернационалата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не знам зошто, ама тогаш сите пилишта што го прелетуваа пустото поле и пустата мене, сите ми личеа на гаврани и на чавки, на извалкани раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе види некое пиле да го прелетува и тој ќе рипне, ко потполошка, потплашена и ќе трча по пилето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Над нас прелета јато бели галеби.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе