прелиста (св.)
Во лудава ноќ песот излезе на песокта Слепецот заскитан во својот неповторлив свет Мирно ја прелистуваше книгата на темнината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Живееше со своите врсници – дечињата што ја прелистуваа сликовницата која се пренесуваше генерациски во семејството.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко ги прелистуваше најзначајните судиски книги.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имаше доволно време да прелиста уште некоја книга, ги подготви белешките.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Следуваат граничните и царинските формалности. Млад цариник со излитена зеленикавосива униформа го прелистува мојот пасош.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Везден ја прелистував книгата на родените сѐ дури не го пронајдов и оној ред во кој се препознаваа и буквите на моето име – синџирче од глуварчиња што го плетат децата пролети.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во летните месеци, кога имаше помалку читатели, во магазинот беше попријатно одошто во горните простории и Грдан имаше време да прелистува книги во преградениот агол со стол и маса, што магазинерите си го викаа гулабарник за да не биде кокошарник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И додека ги прелистувам и ги препрочитувам, постојано ми се врти мислата во кој литературен вид да ги преточам: во роман, патопис, репортажа, мемоари?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Решив уште еднаш да ги прелистам патописите што веќе ги имав. Беа тоа близу три илјади страници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тие и попладнето продолжија со работа, ги прелистуваа големите речници пред себе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Меѓутоа, тука беа Татковите книги, од кои сѐ уште се ослободуваше некаква светлина, некаква надеж, да се истрајува додека тие се прелистуваа од невидливите раце на судбината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа отпрвин ги разгледуваше сенките на ѕидовите, ги прелистуваше дебелите книги, ја отвораше виолинската футрола.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Почнуваше свеченоста на книгите. Тие како да оживуваа од говорот на двајцата пријатели, небаре се прелистуваа сами од себе, ги оживуваа своите значења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека ги прелистував овие книги, се сетив на последниот Мајкин аманет, за кој ми велеше дека бил и Татков, дека само преку книгите, Татковите книги, било можно враќањето на другиот брег од егзилот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)