премали (св.)
Ги броеше сѐ додека не премале од напор.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но штом му го виде лицето - премале, се сви.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јас премалев, што се вели, се собрав ко удрена гасеница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми се потсекоа нозете, што се вели, целата премалев.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И се виткам јас, а се витка и Јон в постела. Премалува човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тајната е во тоа што откако пребледев, премалев и три пати си ги истурив цревата од повраќање, по ладните облоги кои малку ми ја вратија силата, решив да доручкувам, а тогаш беше 13:00 часот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Невидливиот нож му копаше во градите и дури и внатрешното јачење на неговиот очај премалуваше од болката.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Наближуваше кон куќата, а нозете сè повеќе му се сечеа, срцето премалуваше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Чекале неговиот стопан Никифор Ганевски со нож да го избави од маките. Премалувале од глад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Панде премале од возбуда. „Таа е...“ - го обзеде неискажливо блажено чувство.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)