премрежи (св.)
Водата сосема бавно се премрежи и пак се потона во камено смирување.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
На зборот „нов“ на Акакиј Акакиевич му се премрежија очите и сѐ што имаше во собата почна да се врти околу него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Коле се поткрена од клупата и нерешително, збунето, се обиде, од името на сите, да рече нешто: - Учителе... ве молиме - му затреперија усните, а очите му се премрежија со солзеста пајажинка.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Гледаме: се примрежува, се превиткува и паѓа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пече, жече, очи премрежува. Денот се здолжил... Далеку е до зајдисонцето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)