препарат (м.)
Еден од браќата, лекар, сестрата, медицинска сестра, ѝ носеа на Мајка секакви лекови против главоболка, за смирување, разни сирупи, за деца и за возрасни, витамински препарати, а таа беше здрава, поздрава, за својата возраст, не можеше да биде.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Редовно земаше само медицински препарати и, понекогаш, лек за заспивање, во најтешките мигови на осаменоста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие разговараа за женски работи, од козметички препарати до педагошки постапки, но сега Маре рече: - Сите мажи зборуваат или за политика или за спорт.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Да ослепат да даде господ, овие што нашироко рекламираат дека на пазарот е достапен целосно природен препарат за потентност за зрелите мажи (кои со своите жени одамна снеможеле и го користат „Џоле“ само за мочкање), што во прилог им оди повторно само на младите „спонзоруши“, кои од сега, освен што уживаат во имотот на своите офарбани љубовници, ќе можат и сексуално да се „упражњаваат“. Во прилог на кампањата!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како во времето на де Квинси да не постоеше закон против наркотици, голем број луѓе го земаше овој препарат на опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)