преправи св.

преправи (св.)

Поради тоа, таа започнала да се преправа дека престанала да го сака, дека не може да живее со него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој сега разбра само толку дека и едно обично тенџере со капак, кога во него врие вода, може да се преправа како мечка и да плаши деца. Ама чудно тенџере!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие почувствуваа дури дека брадјосаниот човек ги лаже нешто исто како кога лисицата му се преправала на петлето за да му го скине вратот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А кога некогаш ќе го откриеше кучето по миризбата што го носеа со себе, тогаш тој се преправаше дека заспал или дека го фатиле силни грчеви во стомакот или го исчашил глуждот од ногата и не можел да оди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ми се преправи нешто во главата и почнав поинаку да ги кажувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа доведува до ситуација исполнета со црна иронија, бидејќи пациентот често игра улога на психотичен или се преправа дека тоа го прави.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми текна да се преправам дека не ги гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но имаше кучиња кои не соработуваа со ветеринарот, кои го гледаа душмански или кои се преправаа и симулираа дека имаат некоја мака и невола и тогаш ветеринарот им ја забодуваше инјекцијата и тие по цел ден мирно спиеја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кадијата се преправи на весел и задоволен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На часот може да се преправи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе тропнеме на врата, а жените ќе се свиткаат в постела: се преправаат дека се болни или трудни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се плашев за секој иден ден, треска ме тресеше од таквото однесување на големото преродено момчиште; јас со сигурност можев да претпоставам дека тој ѓаволски се преправа спремајќи се за иднината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Можеби и не ја забележал промената, или само така се преправа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Абе, овој да не е некој комарџија“, рече еден од младите картаџии преправајќи се како боже тој на кого тие зборови се однесуваа е непостоечки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие се преправаа, можеби дури и веруваа, дека дошле на власт без своја волја и за ограничено време и дека тука некаде зад првиот агол, се наоѓа рајот во кој човечките суштества ќе бидат слободни и еднакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој можеше да се преправи во тој брат од простата причина што вистинскиот брат по некој случај останал во Амакава во моментот кога „црниот брод“ со духовничката дружина испловил на морската шир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе