препреден прид.

препреден (прид.)

Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се бореше со себе: - Ти навистина понекогаш немаш врска со реалноста – застана, воздивна и ја поврати познатата симпатично препредена насмевка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Само едно Мусо ги советуваше кадијата и беговите: да бидат крајно претпазливи, зашто се препредени овие планинци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако веќе ја зборуваме вистината, каков лукав и препреден беше тој, какво вретено беше другарот Анески, тогаш ќе треба да му симнеме капа, да му се поклониме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сепак, за ваквата препреденост е потребен и бистар ум кој вози преко „сто на саат“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали беше зол, дали беше препреден, дали беше само маѓесник или гатач?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не, ништо не знам како размислувал тој син на Пајко, Бајко, или Тајко, кого љубел, кого не поднесувал, бил ли образован, дарежлив, љубопитен, милостив, бил ли препреден, наивен, зол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)