преработка (ж.)
Позади во дворот имаше и една посебна градба за коњите, а и еден дел за преработка на млеко.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Почна да голта полни лажици од манџата, во чиј густиш имаше коцкички од некаква розеникава сунѓереста материја која веројатно беше некаква преработка од месо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Компјутерската обработка и преработка на фотографии и видеоснимки е веќе толку развиена, што не може да се утврди дали снимките биле ретуширани или не, а тоа буди сомневања во врска со автентичноста на доказните фотографии и објективноста на фоторепортажите.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
3. А, пак, гранскиот колективен договор кој во тоа време ја регулираше оваа материја беше Колективниот договор за дејностите производство и преработка на метали, црна и обоена металургија, рударство, електроиндустрија и енергетика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Основна дејност на овој „погон“ – кој работи со мошне застарена технологија и кој, по распадот на СФРЈ, почна да ги губи освоените пазари – беше базното производство, полимеризација и преработка на ПВЦ прав.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ви спомнав дека во близината на логорот има фабрика за преработка на кожи?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)