преродбеник (м.)
И покрај сите активности, напиша значајно книжевно и публицистичко дело на албански јазик, далеку од преродбеничките утилитарни шеми и националниот патос.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Веднаш продолжив, сеќавајќи се на еден запис на преродбеникот Фаик Коница за Верата на албанците, во кој се цитира искажувањето на лејди Мери: - Таа вели дека од сите вери што ги запознала, верата на Албанците, ѝ се чинела најнеобична.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Пред малку го споменавте нашиот преродбеник архиепископот Фан Ноли кој тврдеше дека и покрај тоа што во Албанија мнозинството се муслимани, не познава друг цивилизиран свет во кој преовладува, дури до рамнодушност, верската толерантност како во Албанија и во кој може да биде на чело на државата човек каков што беше тој, православен архиепископ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој ја разбра алузијата: - Сите тие албански преродбеници, писатели, кои попаднале под декадентните западни шеми на образованието, во нашата земја каде што владее доктрината на социјалистичкиот реализам мораат да бидат подведени на строга ревизија, посебно во однос на нивните ставови кон религијата!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
3. Во овој манастир, во почетокот на XIX век игумен бил Кирил Пејчиновиќ, македонски преродбеник, да ве потсетам, гробот му е во Лешочкиот манастир кај Тетово.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Има и многу други примери меѓу преродбениците кои умееја да го раздвојат дијалектичкото од метафизичкото?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Веќе споменатата борба на македонските преродбеници со грчката политика на духовно господарење со Македонија во 60-те години на XIX век добила масовен карактер.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
И албанските преродбеници, на кои се повикувате, создавајќи во туѓина, и покрај различната вера останувале солидарни и единствени во одбраната на албанскиот идентитет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)