пресметка ж.

пресметка (ж.)

Пресметките кои се правеле за да се утврди точното настапување на ранодневницата во пролет и нејзиното значајно влијание врз приносот на земјоделските култури и врз животот на населението.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наоколу карти, божества, хороскопи слики, книги, мемоари пресметки, математики, хронометрии ти стануваш појдовна точка за сѐ да може да се сложи ти си ѓаволски склоп структура на структури Време, Литературо покажи ми ја темната страна вишокот, несводливоста хроничната невидливост нашата обострана завист.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во средишната република, која се смета за најмешана, и верски и етнички, пресметката со козите и козарите била најжестока.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во пресметките што ги направив уште пред неколку денови утврдив дека тој прозорец се наоѓа на источната страна на затворот и оттаму може да се види само улицата што слегува кон мостот. Или грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа измена на работодавачите им овозможи да пресметаат и исплатат пониски просечни месечни нето плати на работниците за разлика од претходниот начин на пресметка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Татко не можеше да ѝ се начуди на промената на Камилски: на почетокот радикален пуританец, кој беше за пресметка и отстранување, како што велеше, на опасните турцизми, а сега дури стануваше толерантен и помирлив кон нивната натамошна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човековото одлучување е вгнездено во мрежа од шеми, така да еден соодветен процес базиран на такви шеми од кооперативни пресметки, подобро од логиката го карактеризира менталното поведение.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За доказ на својата теза ги земаше крвавите пресметки на комунистите со свештениците од речиси сите вери.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Почнала крвавата пресметка на жандармите и војниците со невиното македонско население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И покрај тоа што Гарванов освен клевети испраќал и закани дека ќе употреби и сила за да ги отстрани од Солун, не дошло до физички пресметки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој беше полн со златни резерви, се колебаше дали да се ослободи од нив, продавајќи ги, а поради тоа што продажната цена на златото беше пониска од набавната, неговите пресметки покажуваа знаци на банкрот, па бидејќи долгот кон ортакот достигна висока сума, за Еразмо не остануваше речиси ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Нивното бојно поле - денот се подаваше во еден замав на нивна крвава пресметка, земајќи ја бојата на секој од тие ветрови, а како своја залога препуштајќи им ги ним токму своите облаци, секогаш и секому само онолку, колку што можеа да си одземат, да си извојуваат еден од друг овие двајца лути противници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
106. Тоа нешто не се предвидуваше, зашто се мисли оти името „Бугарин” ќе ни донесе сѐ што очекувавме од народното движење. Но во пресметките се излагавме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради ова проклетство не престанаа пресметките помеѓу империи, народи, не престанаа делбите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега претстоеше вториот дел на планот или, поточно, на рударското востание – пресметка со лажното чудовиште!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На 138 комунисти, членови на СКОЈ и симпатизери, на судските процеси во Скопје, Охрид, Битола и Куманово им биле изречени 38 смртни пресуди со што бугарскиот окупатор ја започнал пресметката со антифашистите и комунистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Согласно измената, сега пресметката се врши врз база на просечната месечна бруто плата, која за месец јануари 2009 била 27.507 денари на ниво на РМ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Можел да го изведе и заклучокот дека само поради слабоста на Бунде кон женската убавина, несреќников бил вовлечен во крвавата пресметка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе