престори св.

престори (св.)

Кога ја видов првпат во нејзината прва форма, во нејзиното престорување и присторување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чиниш, посакува - камен да се престори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Селаните ги симнаа белите шамии од главите Добитокот грозно рика запретан во пепелта на летото И гласот му се престорува во ракопис на дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се престорува ова небо камен И скриени во него ќе останат очите што сонуваа да го надвишиш!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Преклонетоста на неговите раце се престоруваше сега во некаква тромава отпуштеност, која знаеше само за тоа дека преку денот тој доста се намачил и дека сега треба макар и само да се спие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност тој ги препрочитува моите недоизречени искази што лично тој ги има дотерувано и сега се труди да ги престори во вистини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа тој можеше да го заклучи секогаш кога ќе престанеше да размислува и кога се престоруваше целиот во слух, живеејќи со секој дел од себе само со она, што се случуваше во неговата собичка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се престоруваш земја и камен. И длабоко со тебе ќе пропаднат нашите грстови вода за да остане пусто ова распаќе без корени и без деца!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се престорија во голем, шарен и возбудлив калеидоскоп што почна да се врти заедно со мене вовлекувајќи ме сѐ подлабоко и подлабоко во нешто огромно и таинствено, прекрасно и застрашувачко истовремено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш душава пиле ми се престори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Напладне се престоруваше во маѓепсано огледало во кое се огледуваа сите околни предели.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И нас ако не нѐ би вода престори нѐ па секни, пресуши!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
3. Зад огромните магли што ги дига ветрот во твојата пустина Матно во погледот нешто се престорува во вода И капка по капка во коренот на сончогледот паѓа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сега сѐ беше се престорило во некој јагленосан цвет, во некоја студена постела на огнот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Погледнете го сега. Нашето село го престориле празен пејзаж.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се делиме. Бело цвеќе Нова грутка планина се престори.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
А се случува богами напати таа вода да се престори и блатиште по кое потоа со денови ќе газиме и ќе си го валкаме умот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прво распаќе: По овој пат, внук внука ќе води векови. Рамнинава од плеќи планина ќе ја престориш од планина Непреод да протече.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Повеќе