престрашен (прид.)
Колку мачно ли се чека една тешка ноќ една темна ноќ што застрашува Сега се смеам и знам дека сеедно не е како ќе дојде таа штом престрашено чекам да биде црна црна
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Мечката го хранела брадосаниот никаквец и натрапник престрашен и за ѓаволот, му носела големи гранки со оскоруши, грмушки со дренки и искорнати гнили стебла со мед во утробата. Тогаш можеби била и скотна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Престрашен тој се сврте накај Беличот, но тој му даде знак да молчи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веќе споменавме што се случува: 1. Ориентацијата на сопственото јас е примитивно орална; обземено со недоумица како да ја одржи својата животност, додека при тоа е престрашено да се впушти во што и да е. Тоа е очајно и прежеднето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Еден ден, на крајот од нашето летување, по плажата се разнесоа престрашени викови: - Давеник! Давеник! Човек се дави!
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Две жени, една постара и една помлада, убаво облечени, беа целите престрашени, вознемирени, со од земја раскашавени ракавици, фустани и паднати смачкани шапки, од кои помладата викаше од силни болки, а постарата забрзано зборуваше со повишен тон бришејќи ја земјата од ракавите, жалејќи се за невниманието на шоферот на тие нови превозни средства, кои се можеби брзи, ама и многу опасни и затоа сосема непотребни.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Ќе дојдам еден ден и пред твојата колиба, војводо. - се шегуваше шумарот со простосрдечниот старец, изненаден, зачуден, а и престрашен од првото доаѓање на џипот во планината. Но тоа беше пролетоска.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Ќе се удави! - ќе се чуеше престрашен глас на некоја жена што сигурно ова попладне првпат дошла на плажата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Еден ден, на крајот од нашето летување, по плажата се разнесоа престрашени викови: - Давеник! Давеник! Човек се дави!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Доктор Гете понекогаш ни дозволуваше да влеземе во тие соби во кои луѓето лежеа не поместувајќи се или пак претаа – гледавме во тие замислени глави, избезумени глави, ужаснати глави, престрашени глави; тие гледаа во нас со своите уморни очи, со своите празни очи, со своите очи полни страв, вошит, безумна радост, беспричинска омраза и беспричинска љубов, очи полни со гадење и сласт; ги стискаа усните во молчење, ги испакнуваа во чудење, пропуштаа низ нив по некој едвај чуен збор, благословуваа или се закануваа, крикнуваа во болка и радост. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој беше престрашен и од таа долга играчка во рацете на човекот над себе и сега не ѝ се подаде повеќе ни на таа позната лага.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А којзнае, можеби и самиот наеднаш се виде престрашен од својата моќ бидејќи изгледа сфати дека покрај другото таа негова моќ за жал ги скусува и посаскуваните вињаци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И додека немоќен, престрашен од себе, го пушташе тој грчевит звук да се излие од неговата ништожна, скршена сила, му прелета дека жената, единствената на која ѝ дозволи да ѕирне внатре, зад ѕидот, некогаш му рече дека неговата смеа е гласна воздишка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Бојане, дедо Димо! Помош! Помош! - се надвикуваа со татнежот на невремето, беспомошни, престрашени викови откај шаторите на археолозите! - Леле! Отидоа шаторите!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Другите четворица Турци, престрашени, не можеа ниту да отстапат ниту да напредуваат; само пукаа во празно и заедно со своите коњи тонеа во живиот песок.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)