пресуши св.

пресуши (св.)

Кревалката е да го крева моралот на одамна небакнатите да не им пресушат усните како откинати печурки на сува рида
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Небаре светлинка ќе болснеше во мракот, небаре накратко сонце ќе светнеше и пак мрак – солзите никогаш не ни пресушија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дури и да се случи чешмата да пресуши, да ја снема, местото секогаш ќе го задржи ова име.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бессолзните очи од тешка тага ко жарови беа; бидејќи го пресуши изворот тагата жешка - немаше солзи да леат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И нас ако не нѐ би вода престори нѐ па секни, пресуши!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Од звукот се уривале карпи и пресушувале реки. Светот бил во агонија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го бараа младите бремени жени со незакрепната рожба во утробите, го бараа мајките на кои им пресушуваше млекото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
7. Реката во која еднаш не се удавив е веќе пресушена.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во пролет и во есен доловите и ендеците се поројни, преку зима замрзнати, а налето само тенка водна нишка, која никогаш не стигнува и да пресуши, се протегнува низ нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Суви ѝ се боските, господе боже, дали од нашиот страв и нејзе и пресушија боските, или некој ја почуди?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
13. Пресушија водите и во таа пустина стојат осамени два брега како два маченика во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Градот чекаше дваесет илјади години. Планетата се движеше низ вселената, цвеќето по полињата растеше и венееше, а градот сѐ уште чекаше; реките на планетата навираа, пресушуваа и се претвораа во прав. Градот и натаму чекаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мастилото беше речиси пресушено.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Те сакам онака едноставно, наивно, додека мислиш дека сѐ уште чекаш, да не забележиш дека те обожавам, во страв дека во таа љубовна река твојата љубов ќе пресуши, како што те сакав досега. Оддалеку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
На небесниот пат наеднаш ќе пресуши сребрениот шепот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во овој момент, меѓутоа, дури и монологот беше пресушил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
После ќе има, ама не можеш да чекаш, ќе се пресуши житото и ќе испадне на нива... Што фајде?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Прв бев тој, се сеќаваш, што се наведна тогаш над бунарот да видам кога пресуши.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе