преточи (св.)
Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Поезијата е онаа состојба на духот на творецот во која дури и најморничавите мигови од животот се преточуваат во своевидни метафори, алегории или други стилски фигури сосема ненаметливо и спонтано.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Умереност преточена во генијална изведба на контраверзниот интелект.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И така, како што одминуваа годините на мојот живот, Мајка ми беше сѐ поблиску, сѐ до миговите кога средбата со неа се преточи во оваа книга.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Азис ја преточуваше бозата од кантите за млеко во лимените буренца од кои со чепурче ја точеше во чаши и кригли.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Низ благородните Новогодишни усни испотечуваат водопади од желби и честитки преточени во чудотворниот јазик на Желбоноско кој, ете, дошол од таинствениот леден дворец на ветриштата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко беше тивок, стрплив, методичен, но тешко успеваше да го преточи своето знаење на македонски јазик, којшто не го владееше толку добро.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За тоа време капка по капка го преточуваше секој збор кажан од устите на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Индигнација, лутина и гнев скриени во сечилото преточени во охрабрувачки занес, злобна алузија за да го казнам просторот и времето околу себе, а претворам во ужас дел од сопствениот хабитус и свесно правам деперсонализација, обезличување на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И додека ги прелистувам и ги препрочитувам, постојано ми се врти мислата во кој литературен вид да ги преточам: во роман, патопис, репортажа, мемоари?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оддиплувај ги листовите на споменот и стегај душа... стегај срце, секогаш така велеа нашите стари, велеа, кутрите и болката ја преточуваа во песна...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И токму на тој начин таа го разубавува сувопарниот миг од работните обврски, несвесно дури преточувајќи ја и сета техничка терминологија во една продолжена, незгаслива метафора.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
И во оваа збирка, како и претходните, сето нејзино постоење преточено е во стихови со кои е опточено нејзиното севкупно бивствување.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ако може нешто да завлече, арно, ако не — барем бунгур и сол ќе сомеле, расолот ќе го преточи, пиперките. Сирењето, маста да ја види, да прецеди, преточи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја замолив да ми раскажува а јас ќе се обидам тоа да го преточам во парчиња приказни или слики најдобро што можам, зашто едно ме мачеше:
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа студена ноемвриска ноќ, во студентската соба 1303, две тела се преточуваа во едно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Онаа што се преточува во нашите срца, љубовта со која се прегрнува цел свет.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)