префрли (св.)
По ослободувањето на Македонија британските воени мисии се префрлиле во Скопје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ние си разговаравме седнати на прагот и за цело време низ селото поминуваше војска и се префрлуваше отаде трапот и реката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со право можеа да ѝ префрлат дека е обична воајерка ако ја забележеа во сенката зад пердето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во чистиот дел на салата болните ги облекуваа во сосема нови пижами, ги ставаа на носилки и што е можно побрзо со санитарни коли ги префрлуваа во одделенијата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Татко стравуваше дека фанатизмот на чистењето на јазиците, насилното ослободување од туѓите зборови во јазиците, еден ден би можело да се префрли и на етничкото чистење на народите, стравуваше тоа да не се случи на Балканот и да дојде до невидени братоубиствени и истребувачки војни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Е, море, никаквец - му префрлува Јани - барем би можел да фрлиш некое зрно повеќе... мешаш и сал мешаш небаре е најубавото јадење... - Па е - вели готвачот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не виде каде падна грутката, но знаеше дека го префрли поточето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
О Лазо, о Ристо, викаме, а тие префрлиле по еден стап преку рамена, носат кофи со вода и само се обѕрнуваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И ќе се фатам пак така во некој блудничав сон: ми ја префрлил раката преку рамено, ми ги пикнал прстите во косата и едно за друго ме љуби.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На моменти беше можно дури, омразата да се префрли со свесен чин во еден или во друг правец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мајка префрли на врат црн конец и заплетува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пазарот на зеленчукот и овошјето беше осиромашен, зашто тој веќе е префрлен во новите постројки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Женската е посветло сива и со должина на целото тело стегната е до ѕидот, а машката, потемно сива, ѝ се качила одзади, оваа, одоважната нога, убаво ѝ ја потставила во ципата од колкот, ама не може да ѝ ја префрли другата десната.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сигурно мојата тежина се префрлила кај детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега потрагите се префрлија на друг план.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го кренаа и го префрлија в болница.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)