пречувствителен (прид.)
Но не знаев колку време стоел над мојата бесвест, секако не пуштајќи ги треварите, црниот Пандил и лисоликиот Никола Влашки, да ми ги тргаат тешките клепки од очи и со пречувствителните прсти да ја стискаат жилата на моето младо чело.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа што беше пречувствителен кога беа во прашање такви нешта, а и воопшто, беше повредлив.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На жена си Профимица, која често паѓаше во несвест, ѝ велеше дека е родена под знакот на некоја ѕвезда паѓалка која нема постојано место на небото, која е пречувствителна и кревка и која од ништо, од туку-така паѓа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)