прибежиште (ср.)
За да не седи на провев во чекалната, Грдан побара прибежиште во читалната на библиотеката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Територијата на Македонија станала прибежиште на Помпеј, кој по раскинувањето на сојузот со Цезар, се повлекол во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Последно прибежиште, извор на енергија за премостување на сите противречности ќе најде во својата библиотека, во распоредот на своите книги, во менталниот поредок на нивните значења.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе. Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пирамидата - лавиринт од бункери, ќе биде последното прибежиште на фараонот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Одамна се мртви тие денови на младоста, но мене и понатаму срцето ме влече кон Пребег последното прибежиште на старите спомени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ти беше мое прибежиште, најинтимно засолниште за мојата соголена, ранлива душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Опседнатост со прибежиштето, со допирот, токму тука кадешто сѐ се одвива во една астрална рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Дел од странските новинари прибежиште нашле во Турција, во градовите Истанбул и Анкара.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„Да се биде“ и кога „никој не ме гледа“ е местото на светотот прибежиште во кое поетот го „кове“ заговорот кон своите ненапишани песни.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Ако јазикот е скривница и прибежиште на таквите прастари колективни симболи и спомени, тогаш расказот е премин кој ги поврзува древните времиња со современите, архаичниот човек со денешниот човек, некогашниот Македонец со модерниот млад Македонец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Поголемиот дел од нив беа принудени да заминат и најдат прибежиште во земјите од Источна Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Притоа внимателно ни го свртува погледот кон необичната литерарна жилавост на застарената реалистичка постапка која го пронашла своето секундарно прибежиште во заостанатите културни зони и национално- литературни провинции.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И, ете, душата на Сталин најде свое прибежиште само во Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
5. Игра, грешка
Ох, занесна Игро на метафизиката!
Ти која си створителка на
другата димензија
прибежиште на уметноста !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)