прибере (св.)
Да видиме кај Англичаните, велам, да не се прибрал кај нив?...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сигурно се беа прибрале дома...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се прибирам и со мака продолжувам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Прибери Господе отровници змии гадости шират од устите гнили сенилни крлежи, грди фосили платени гниди од странските сили
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас сето тоа го слушав и ги држев колената на татка и се вовлекував во неговиот скут опседнат од приказната што лакомо ја прибирав и запишував на белите страници на мојата детска душа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Старецот, често, пред да се прибере на починок, во убавите денови знаеше да поседи на тоа трупче, да ги гледа ѕвездите и да влече чадови од своето луле.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Братучедите кога ручаа го прибраа јадењето и не станаа да го продолжат патот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Онака како што бев клекнат пред старите што беа наседнати на гредата пред задругата, ја прибрав торбата со книгите и сиот станав уво.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Наредија ранетите да се приберат и аскерот да ја запоседне тврдината.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Немаа време да погледнат назад, Србин се прибра и со последни сили полека ја вртеше матарката додека камчето со лизгање не испадна однатре.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ја прибра левата, па десната нога. Се сврте и, коленичејќи, стана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Преку своите луѓе Организацијата разбра за Толевата работа и зеде решение да го прибере овој самоволен работник и да го исползува неговиот авторитет, бидејќи и времето веќе назреваше за масовна работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Легна повторно во креветот и се обиде да се прибере.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мече беше без родители и се скиташе по улиците сѐ додека еден ден не го прибраа во детски дом.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Мракот падна и секој се прибра под своите стреи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ем јас чунки сум прв на земјава наша, како војводата ваш што го имате во Прилеп, така и јас сум овде, - да сум ја опколил сета земја околу наоколу сум видел оти не може ништо да се прибере од лоши спили и далги.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
По три дни и три ноќи, дури сосема не се прибрав во себе и не си ја стишив болката во празнината кај што ми беше срцето, натажен и болен, тргнав на пат за татковината.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)