приврзаник (м.)
Во какви односи станаа Македонците со нивното национално разбудување кон балканските народности и дали позицијата што ја зазема сега Внатрешната револуционерна организација по прашањето за народноста на Македонците Словени е таква од која не може да се оди понатаму, или пак треба од неа да се направи уште еден чекор и Македонците да се јават приврзаници на националниот сепаратизам со примањето на централното македонско наречје за општ македонски литературен јазик?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие анонимни приврзаници на нивното дело, впрочем и ја спасија колекцијата на примероците од драгоцената флора и фауна на Езерото, во тие тешки времиња, кога за збор глава се губеше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но тие се приврзаници на крајни мерки, без да гледаат на политичката положба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бројот на приврзаниците јавни и тајни ќе расте, не по дни, а по часови. Важно е тоа што до кога што ќе има во Македонија бугарска пропаганда, ќе има и српска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Средствата за достигнувањето на оваа цел беа чисто културни, па сепак и овој план ние не успеавме да го реализираме, бидејќи приврзаниците на идејата за „голема Србија“ го кренаа и против него својот влијателен глас”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
21. Приврзаниците на таа теорија пак се подразделуваат: 1. на коишто кажуваат оти тоа средно е еднакво далеку и од Србите и од Бугарите; 2. оти тоа е поблиско до Србите; 3. оти е поблиско до Бугарите; 4. оти дел е поблиско до Бугарите, дел – до Србите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но варијантата за судење во отсуство, сепак доби најголеми приврзаници и беше готова да се прифати.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Цел на Новоговорот не беше само да обезбеди медиум за изразување на погледите на светот и на менталните навики што им прилегаат на приврзаниците на Ангсоц, туку и да ги направи сите други начини на мислење невозможни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко ми беше приврзаник на Србија и пријател на Александар.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
По изгубените надежи во приврзаниците на Младотурската револуција и надежите што ги пробуди побунетиот офицер Нијази Беј од Ресен за европската разврска на бунтот, настапија балканските, па светските војни.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во такви околности, дејствувам како приврзаник на дамата што е засегната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
124. Охриѓанецот Маргарит Димица (1824-1903) е еден од истакнатите приврзаници на грчката националистичка пропаганда во Македонија, а во своето научно дело, како универзитетски професор во Атина, се определува исто така само за старата македонска историја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сепак, за прашањето да остане отворено, приврзаниците на теоријата на словенското прото-писмо од периодот пред Кирил наведуваат индиректни докази во облик на ставови од повеќе арапски патеписци, кои говорат за виденото од нив кај словенските народи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, јас останав приврзаник на кујната.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тоа прашање според информациите „станува коска на раздорот меѓу грчките комунистички екстремисти и локалните приврзаници на ЕЛАС кои не се согласуваат со македонските сепаратизам“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Мистериозниот Транк Спироберг, со своите тези за поддржување на природниот јазик како антитеза на вештачкиот, се разбира, и тој ќе придобие свои приврзаници меѓу тогашните угледни лингвисти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)