придавка ж.

придавка (ж.)

Во многукратните асоцијативни и симболички зрачења на македонскиот збор, именките и придавките како да ми открија еден до сега незнаен и недостапен свет.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Си имаше многу мака со заемките придавки, кој по бројноста и фреквенцијата на употребата доаѓаат веднаш по именките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Подзапре малку и чистејќи ги ноктите со врвот од перцето неочекувано праша: - А јас да сум Херкул и да го навртам Вардар кон училницава, ќе ја исчистам ли, придавки?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На придавките обично се реагираше со меланхолија и плачење, па им ги препорачуваа на жените - и онака тоа им беше рутинско задоволство, сега само синтетички кренато на квадрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Стихувај ме тихо, велиш ти од другата страна на заменките глаголите се ту повратни, ту неповратни бирај со кого и на кој начин ги сложуваш времињата и ги менуваш (за една ноќ) именките и придавките, по род и по број.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Молчев на неговите прашања сѐ додека не ќе се налутеше: - Седни, придавко вечна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Незналко. Придавка си откако си се родил и придавка ќе останеш. Разбираш?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со години стојам збунет пред бесконечниот список на имиња на ѕвезди и болести, на месеци и на денови, на села и на цвеќиња; со години се мачам да ги насетам сенките на звучната линија на македонските придавки со години си живеам во прелага дека еден ден поодблиску ќе го запознаам, поодблиску ќе ја насетам сензначноста на емотивниот и мисловен предел на македонскиот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Придавката „хаотичен“ во употреба влегува дури на преминот од 17-иот во 18-иот век и долго е употребувана за одредување појави и процеси кои што не се во битна врска со бивствувачкото, барем не со она бивство со кое сметаа природните и општественонаучни (историски) онтолошки замисли.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Третото читање или подобро третото погрешно читање е засновано на граматиката на насловот: зборот „тераписки“ е придавка која ја модифицира именката „разговор“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги мијам со водата од оман, од петопрас, од копиден, од смил, од млечки, од ајдучка трева и наваличе, тики од потканатица, од прешлига, од среќа, од троска и од придавка, од трева кромидарница, и од краварига, од боливач и од наѓезмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама, другар, сте претерале со придавките - сите ви се во трет степен, на латински речено, во суперлатив, сте можеле барем да ги спуштите на првиот степен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Придавки, историјата се повторува. Херкул исчистил две училишни штали.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Камилски, откако ја измина на брзина пустината од заемките именки и ги постави на патот најкарактеристичните зборови, се сврти кон заемките придавки, броеви и прилози.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Освен именките и придавките заемки во балканските јазици, Камилски си имаше големи маки и со изборот на најкарактеристичните глаголи во листата на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе