придаде св.

придаде (св.)

Но тоа се прави не за да се лишат весниците од слободата да пишуваат, а затоа што на Балканскиот Полуостров им придаваат големо значење на сите статии што се однесуваат за балканските работи и мислат оти владата под влијание на печатот ќе ја измени својата политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кај нас во Македонија и во Бугарија на таква владина распоредба можат да ѝ придадат неправилно значење, ете зошто ќе треба да се кажат овде неколку зборови и за неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На патувањето на германскиот император му се придава политичко значење, меѓу другото и за македонските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но во нашите разговори спомнувањето на Шефот, колку што не ги заматуваше, исто толку не ги разбиструваше работите, а тоа за сите нас беше доволно јасно и затоа никој на тоа не му придаваше особено значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие тогаш на настанот му придадоа симболично, но и реално значење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш не можеше да се види, како што очите не можат самите себе да се видат, не можеше да ѝ се придаде никаков епитет, зашто истиот согоруваше в мигот на доживеаното. Смешно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А властите во сѐ им излегуваат во пресрет; настојувајќи преку нив да го вратат животот во Потковицата, покрај што им ја вратија нивната поранешна земја, која ја имаше присвоено Земјоделскиот комбинат од Прилеп, им придадоа и друга.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа единствена реченица, веројатно единствена и во вистинската смисла, излезена од неговото перо, беше достаточна да му придаде во моите очи на својот автор ореол на мислител.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Оваа концепција им дозволува не само да го прекријат со валенкис воениот авион, осмислувајќи го на тој начин, придавајќи му дополнителна димензија, туку им дозволува и да го „спуштат“ во позната и призната галерија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа Пискулиев повеќе го следеше стражарот на коњот, што беше непосредно придаден кон нив, прв истурен претставник на власта која еве најде за сходно да го привлече и него под своја присмотра.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој седна малку настрана, се потпре на маса и придаде ниско: - Ако сакате, нарачајте едно шишенце за мене.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Така нека биде" — си помисли попот и не му придаде на ова никакво особено внимание.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Логотетот не им придаде значење на дребулиите по кои се разликуваа двата записа; беше пресреќен што се потврди дека записот е решен, оти двајца го беа прочитале исто, и оти проклетството засекогаш беше тргнато на страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Класичната трагедија честопати ја имало во понекое семејство – во кралско семејство, сигурно, но сепак во семејство – а мелодрамата можела да ѝ ги одржи жариштето кон семејството и сместеноста во рамките на домаќинството, на тој начин придавајќи им на општествените и на емоционалните ситуации од буржоаскиот домаќински живот нова смисла на величие, горливост и напон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова е особено важно за современите неохегелијанци, што го воскреснуваат Хегел, придавајќи ги кои атрибутот на неговиот „самоспознат дух“ непогрешливите диктати ни своите „водачи“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
А ти не мораш да му придаваш никакво значење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе