придружба ж.

придружба (ж.)

И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се истури во смеа садриазамот а заедно со него и сите од неговата придружба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По мене се качува и војникот што ми го присламчија за придружба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистина, ме пуштаат до логорите со ранети борци на Демократската армија, но секаде со полициска придружба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја пушташ водата, а тоа цревцето како змија се извива и го бркаш низ бањата, па си принуден млазот да го намалиш на минимум и, по принцип капка по капка, да се тушираш, нормално со придружбата на Мара.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа се чини неверојатно но јас и денес можам со часови да го следам оддалечувањето на братот на татко ми во придружба со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За борба, идеали, вистина и правда, кај тој човек и придружба верна не станува збор.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Но рече и дека не е во ред така две млади девојки сами без придружба на корзо да се шетаат навечер, па затоа ќе ги отпрати назад.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Двајцата од придружбата заостануваа и, тие, штом слеговме пред куќата на Симона, се поздравија и заминаа по оној пат што го сечеше ридот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Напротив, нивното појавување на замислените патеки во придружба на лигавата насмевка на Пачев Загорка Пеперутката го проследи како највпечатлив настап од првомајските паради па затоа и потстана и долго го изразуваше задоволството ракоплескајќи му на ова свое привидение.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бројот на луѓето пак се смали. Оние од придружбата во едниот џип, сосе џипот вилус, си заминаа назад во градот, а другите тројца, го оставија оној друг џип лада кај куќата и тргнаа по мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Прв пат сум без придружба, сама.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бордо костимот во придружба на неколку збеснати гардисти одеше накај нив.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Па се врти кон витрината и кратко се задржува барајќи ја во аптеката вистинската мешавина, а тие сите исти и, држејќи го в рака како да е „драгуљ“, го предава на болниот и неговата придружба наплаќајќи го како бесценет камен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Продолжив така до амбасадата, со транспортерот зад себе, небаре во негова придружба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но за да пристапиш кон извршување на заповедта (Да го исплазиш јазикот користејќи придружба звучна) Вистината треба да слезе од ридот на одбраните Да ја прифатиш како академски поучна И да поверуваш дека ти ја праќаат привилигираните..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе