приказна ж.

приказна (ж.)

О, бесрамна нека ми биде беседата нека биде вечен нескладот меѓу изгледот и суштината постојат волшебни приказни во коишто сѐ е налик на стварноста во коишто нема ништо што би можела да го објаснам ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се појави - духот на нашата нација Вака ни раскажуваа старите Приказни за победата над варварите Приказни за животот на овчарите Приказни за моќта на парите Разни други градации Констатации Провокации За еден живот минат во стагнации
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, и нашите двајца генерали поверувале дека би можеле да се најдат помеѓу тие среќници, но за жал немале никакви документи со кои би го докажале својот чин во руската војска, а Борис Степанович сосема разбирливо, одбил да им издаде уверение дека се генерали. Вистинита но и тажна приказна!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А сите тие приказни почнуваат вака: “Во старо време живеел...“ или пак “Бил некој старец...“ а најчесто “Било едно дете... “
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас сето тоа го слушав и ги држев колената на татка и се вовлекував во неговиот скут опседнат од приказната што лакомо ја прибирав и запишував на белите страници на мојата детска душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега најбитно е да се задоволат моменталните желби на оние што ја читаат приказнава: што се носи белиот светски патник Дедо Мраз за чие приближување до човековиот свет не трубат само немите и неродените.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таа ми ги кажуваше приказните исклучиво усно и само кога ќе ме посетеше во Белград.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Приказна како приказна, ја сервираа на јавноста на фонот на посмртните маршови и закани дека ќе стрелаат прецизно таму каде што најмногу ќе ја заболи државата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да може да стане некое чудо како во приказните од „Илјада и една ноќ!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Исто како и текстовите во однос на вистинскиот живот, приказните коишто ги живеат индивидуите се полни со празнини и недоследности кои постојано се натрупуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Никогаш не сме толку смешно големи Како во приказните за нашите победи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сега се чудеше како воопшто смеел до пред малку да се задржува надвор, потпирајќи се само на приказните дека ѕверовите се плашат од светлината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе дојде време вистината на мојата приказна ќе си го каже своето.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не знам колкупати го терав да ми ја кажува оваа приказна татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тоа се случи и нашата бедна приказна неочекувано доби фантастичен крај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој си има своја приказна и лична проценка на својата несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Целата приказна на играта како во бајка, знае да кулминира со СОВРШЕНОСТ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Повеќе