принцип (м.)
Нашите вредности и принципи не можат да бидат исти со деструктивните илузии за чесност и праведност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Оние кои што некаде кон средината на осумдесеттите даваа заклетва дека ќе бидат лојални на принципите на извидничкиот кодекс во херојското село Лавци битолско, може ќе се сетат на следново.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
По Втората светска војна јаничарството се интернационализира со создавањето на моќните меѓународни алијанси, кои главно функционираа врз јаничарски принцип.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ние принципите не ги даваме за некакви привремени симпатии.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одбрав тема во духот на мојот балкански патријархален инстинкт, од нашата неприкосновена тврдина низ вековите семејството, во чиј методолошки пристап не можев да се ослободам од принципите на дијалектичкиот материјализам, во рамките на славната советска наука по Октомвриската револуција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Г-ѓо, ние не работиме на тој принцип, поточно вака да ви образложам, ако дозволувате, ние не сме во можност да одвојуваме средства за спонзорство на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не е затоа што не сакаме, ние едноставно немаме таков принцип на работа, немаме фондови со финансии кои би биле планирани во буџетот од оваа година и би се однесувале на реализирање помош на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
На тие два принципа одговара: 1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја. 155.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Овие принципи ќе го раководат и правописот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие работат врз следниов принцип: ако дојде до испуштање на недозволено количество на материи - загадувачи или вишок топлина, тогаш се активира светлосен или звучен сигнал од 15 секунди.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но ваквиот поредок не е задолжително постојан, ниту пак е прашање на принцип.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А татко ми, на крајот, доследен кон своите принципи, не сакаше брат ми да го спречи да стапи во партијата, но потајум во себе страхуваше синот да не се внесе премногу во ветувањата на партијата, по него да тргнат и другите браќа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Поголемиот дел од неа беше здодевна рутина, но вклучуваше исто така и толку тешки и замрсени задачи, што човек можеше да се загуби во нив како во длабочините на некој математички проблем - деликатни парчиња од фалсификат, во кои немаше од што друго да се раководи освен од познавањето на принципите на Ангсоцот и од сопствените претпоставки што е тоа што Партијата сака да го каже.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја пушташ водата, а тоа цревцето како змија се извива и го бркаш низ бањата, па си принуден млазот да го намалиш на минимум и, по принцип капка по капка, да се тушираш, нормално со придружбата на Мара.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Така, Партијата го отфрла и осудува секој принцип за кој првобитно се залагаше социјалистичкото движење и тоа го прави во името на социјализмот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Историски создадените алфабети влегуваат во кругот токму на овој тип на писмо, иако во нив честопати се набљудува имплицитна реализација на фонолошкиот принцип и фиксирање во писмото на оние фонетски разлики кои имаат функционално значење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сепак, не бев таков тип на девојка, во принцип мразев туѓо, не давав свое, не се плеткав со двајца од исто друштво или роднини, избегнував бивши на другарки и на братучетки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но тоа не го оправдува постоењето ниту на едниот ниту на другиот воен сојуз, а уште повеќе да дејствуваат врз јаничарски принцип, односно да се служат со туѓа крв за да остварат свои цели на доминација во името на нацијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Бев наоружан со константите на белградската сиповска школа, која почиваше врз ригидни професионални принципи, цврста внатрешна конспиративност, но и врз отвореност градена уште од времињата кога на нејзино чело беше прекалениот борец и европски интелектуалец, филозофот и надреалистот Коча Поповиќ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)