приредба (ж.)
Насекаде даваше приредби, држеше пламени говори, собираше средства за училиштето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На денот на приредбата сите бевме во нова облека.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Приредбата се изведе со голем успех. Најпрвин говореше директорот, за големите успеси на училиштето откако тој стапил на таа функција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така ја слушавме и гледавме целата приредба. Најмногу ме восхити мандолинскиот оркестар.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не знам кој ни ги спремаше овие приредби и со каква цел, и каде нѐ туркаше нашиот погром, но тоа беше грдо искуство.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На таа прва приредба ние -првачињата - учествувавме со едно рециталче за буквите: триесет и една буква, триесет и едно прваче бевме присутни на сцената и како декор, како венец од најубави цветови.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Низ приредбата се редеа стихотворби и песни за училиштето, учителката, другарството и на крајот хорот, оркестарот и сите присутни ја исполнија песната - Децата сакаат МИР!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Јас заминав прв од приредбата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Заминала дома со плачење, и цела ноќ ги читала моите песни; се проверувала себеси и својата партиска совест, и во песните не нашла ништо посебно штетно за Партијата и здравиот народен дух, освен што и понатаму мисли дека тие песни биле несоодветни за приредбата во училиштето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја прашале потем дали сум рекол дека приредбата е простачка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Со леснотија здивнавме кога видовме дека стигнаа првите санитетски коли и застанаа пред салата за приредби, сега преадаптирана во сала за сегрегација. Сите живнаа, го снема немирот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога по завршувањето на претставата, во гардеробата ќе ја праша зошто така лошо го интерпретирала ликот на Јулија, таа му се исповедала: „Вечерва прв пат во животот, ја проѕрев шупливоста, лагата, будалаштината на празната приредба...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Посакувам, ама не може - само два пати неделно, вели наставникот, а пред приредбите и нешто повеќе.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Јас можам во твојата приредба за здравиот народен дух да влезам само во паузата, и тоа ако бидам доволно смешен?!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И уште нешто... Не, за тоа нешто ќе ви речам откако ќе ја извршиме задачата со приредбата, на седми септември навечер, во пресрет на Денот на независноста!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Помислив дека приредбата зборува нешто за Војната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа уметност, која одбива да се декларира како народна, е подложена на жестоки напади: се вели дека таа уметност (меѓу која и џезот, авангардата, постмодерната) е „културолошко труење со предумисла“, дека е „доволно смешна за да биде дел од паузата на народните приредби“ (повторно мислев на Луција), па се прогласува таа за производ на болшевизмот, односно комунизмот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но мене отсекогаш ме интересирало зошто во таквите обреди (каков што имаше намера да изведе и Луција на крајот од приредбата) тие работи, срамни, забранети, жигосани од истата заедница (во нормални, некарневалски услови) – се говорат под маска?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ќе се послужам со цитат од приредбата, на која една наша соученичка рече: „Марксистичката револуција го разурнува целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)