приреди св.

приреди (св.)

Една вечер бевме поканети кај деканот на Медицинскиот факултет и ни приредија многу убава вечера со разни специјалитети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Романот е обликуван во посмодерен код како приреден ракопис во чие ткиво се инкорпорирани уште неколку текстови кои го поткопуваат главниот текст.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа сметаше дека грабнувањето на двата стола е всушност најмалата казна што можела да ѝ се одреди на кафеаната со оглед на сите вознемирувачки ноќи што ни ги приредуваа гостите на овој локал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислиш дека би можеле да ни приредат некое изненадување?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Приредувавме вечери за еден потесен круг пријатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Си дозволи што поцелосно да го консумира задоволството што сам си го приреди...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пароксизмот на сталинистичката гротеска ми беше приреден токму во родниот град, при самото минување на истата граница која, пред триесет и седум години, во времето на фашизмот, ја минавме тајно, низ Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Газдите ни приредија уште една гозба кога стигнавме до двесте метри, дури и весниците го забележаа настанот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Девојката, што ја имам милувано како најпосакувана вистина и по оние места кои обично ги сметаме за незаситни, наеднаш излегува од под меката сладострастна покривка на интимниот чин и со корбач в рака го казнува човекот кој и ја приредил неповторливата екстаза!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Јас имам изграден однос кон секоја изненада што ќе ни ја приреди телото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во почетокот на август, читаше Соколе, таму се приредувал соколски слет. Тоа го фрли во тревога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А јас, да ти ја речам вистината, и самата ја знаев сета таа историја, бидејќи сето тоа лично го имав слушнато со свои уши оној ден, кога дед Павел ги покани сите Белогардејци кај него, на имањето, и приреди богами богата гозба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа и вечерата ја приреди кај гајдаџијата Веско чија што жена ѝ беше сестра на Цара и која ја викна да ѝ помогне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакаа на таков начин да ѝ приредат заеднички реванш на нивната судбина на Балканот, за да ги поштеди, одмине нивните потомци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нели ти реков дека Рајна се пофали, кога дојде да ме замоли да ѝ помогнам да се сретне со Анатолиј, оти на серенадата што ѝ ја приредиле некоја вечер пред да ме посети, била испеана и познатата песна за Рајна Бурева но без прекарот на Бурева туку со името и презимето на наша Рајна Коцева!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ако ја приредеше прославата, Иван Степанович, негде долу на корзото, да речеме во Кралска круна, или во некој друг таков локал, никој немаше да размислува за девојкине ниту пак за тоа од каде се парите за прославувањето!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потребата да се обнови лектирното издание на Црни овци и да се приреди второ, редактирано и дополнето издание е, всушност, сведоштво за потребата на македонската јазична, културна и образовна средина, да биде во комуникација со наследените и со новите вредности на кусиот расказ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се присетува дека по пристигањето и скромното добредојде што му го приреди Советот некако изненаден, затечен и збунет од неговото враќање, наиде на атмосфера на општа поразеност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе