прислушува (несв.)
Го мери, ја прислушува работата на своето срце.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Нешто ми се прислушува: во јалицана како да ми врват луѓе, а долу во пондилата првкаат магарето и кравата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И тоа со причина, зашто одвај минуваше една недела во која „Тајмс“ не објавуваше по некоја вест во која се опишуваше како некој мал прислушкувач - „дете херој“ беше фразата што обично се употребуваше - наслушнал некоја компромитирачка забелешка и ги пријавило своите родители на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Скоро секој ден долго Толе прислушуваше на дупчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Можеби не треба да ти го кажувам ова овде, можеби се прислушува нашиов разговор, можеби ќе ти го дозагорчам животот?!“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Којзнае, можеби веруваше дека таа не прислушува па тој токму на ваков начин се трудеше да и го заджи вниманието.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)