притиска (несв.)
- Нѐ прегрна и двете притискајќи нѐ, како да не си веруваше на очите, откако ја видел грозната слика на урнатината во која се беше претворила нашата зграда.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Облакот е голема рана на небото неговата сенка земјата ја притиска мислата на него светот го разјадува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Воздухот нѐ притиска, ни ја скорева потта, ни лаза по кожата, ни се лепи за алиштата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„И зборот кога е во тесен чевел“- сигурно притиска однатре, глочка, често попречува во слободниот од кон слободата, сѐ додека не се искаже, преку песната или пак некоја друга творечка форма.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Промртка Бугаринот што промртка и кога виде дека овој го притиска изусти едно тажно стенкање на чист македонски ГОВОР: — Е, јади ме, де, јади ме, ти падна во рацете! — и ги олабави своите раце од Митревите гради, откажувајќи се од понамошна борба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вози со два прста и ем ја притиска ем ја отпушта педалата за гас со стапалото, без да успори или да забрза.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сакав во мигот да не се заострува атмосферата. Жедта притискаше.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уморен беше од снеговите што во последната зима како никогаш порано ги притискаа неговите стари гранки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но, веднаш потоа ластарестото тело просто се свитка под Змејковата рака, со која тој го присили пак да седне, притискајќи го надолу и држејќи ја в дланка сосема слободно исколчената клучна коска на неговото рамо под литата облека.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ништо не го боли, а тешко му е и мачно, како да го притискаат сите камења од Чукарот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Соседните куќи изгледаа тажни и уморни под дебелиот снег што ги притискаше.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во ретки прилики, таа го земаше Винстон в раце и долго го притискаше на градите без збор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А може и да сум умрен, вели, ама луѓето заборавиле да ме закопаат, вели и се притиска на градите, како да крие жива потполошка под дланките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кога мислев дека веќе го нема и дека се изјасни се наеднаш сфатив дека неговата сенка се скрила под моето чело да притиска глуво како во кошмарна бессоница.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)