причека св.

причека (св.)

Тие имаат многу грижи, многу тешкотии, тие имаат многу задачи што треба да ги исполнат, па затоа исполнувањето на некоја ваша желба може и да причека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога стигнавме до огромната дрвена порта од куќата на мојот дедо тој направи неколку чекори за да си оди но одеднаш како да се предомисли па ми довикна - Еј Софи причекај...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислеше дека ќе треба да остане тука дестина или повеќе дена, да причека времето да разјужи, а тоа можеше да се случи лесно по овој јужен снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Рече да го разбудиме чорбаџијата, а тој ќе го причека на патот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Причекај уште малку и за Велигден или за мајот ќе го видиш дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа балканските стратези за преобразба на милионите козари во работничка класа требаше да причекаат други, поспокојни времиња или да се откажат од големите ликвидации на козите, а дотогаш козарите и козите да бидат под будното око на комунистичката партија на народната власт!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Треба да причекаме до утре за резултатите. По визитата може да си замине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Реши да причека во сопчето да се стемни и да дојде време за вечера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Општо зборувајќи, ризикот е теориски, како некаков вид нус-производ и мазохизам инхерентен за секој креативен чин, па навистина требаше да се причекаат шеесеттите и почетокот на седумдесеттите за да се види како уметниците ги загрозуваат своите тела и им нанесуваат жестока физичка болка со цел да произведат мисла. (Pluchart 1978; 39)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сметаше дека ваква вест без друго може да причека, по можност и да се премолчи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така неискапена, непроменета, непреоблечена. Ја покривам со земјата и се чудам: кај отиде огнот нејзин, како остина толку. Ја закопувам Капинка, а се молам Ѕвездан да причека, да не умира денеска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По дружината со стемнувањето се влечел стар и осамен волк што претпазливо чиниш проценувал дали да ѝ се придружи на глутницата двоколки или да причека додека таа не остави на својот пат крвав залак до кој се доаѓа без опасност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Елена Николаевна со немир забележа дека маслинестиот господин причека прво таа да стане и дури тогаш и тој самиот стана.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Причека додека изминаа девојчињата и оние чие што место не е меѓу нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, причекајте да се раздени, со будењето на фосилните шумови и анималната тишина. ***
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Одеа пеш дури во Кратово. Таму требаше да ги причека некој.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не е у другта, испадна да причека адно другар, ки са врне, нема кај да оде на вакво кијамет! вели Пена и снова по одајката, де отвора сандук во ќошот, де влече фиока од креденчето донесено од Гаково, реди работи на подавалникот за да ги почести гостите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
— Ќе причекаме, деца, да видиме белки сами ќе се ископелкаат некако.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе