пријатен (прид.)
Потоа среќавав а сега многу добро познавам и такви поединци на кои гревот им служи за пријатна забава и убав помин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во купето владееше пријатна топлина која уморниот патник го тера на протегање и дремка.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа што бев ослободена од многу од моите поранешни обврски и што отпрвин ми беше многу тешко, постепено почнав да го чувствувам како пријатна околност.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Париз е мелница... Колку што градот е убав и ти пружа убавини и пријатни доживувања толку може и да те сомеле и духовно изобличи и додека го сватиш тоа да биде доцна.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ѝ го врати она чувство кое како пријатен ветрец ѝ се јавуваше штом ќе видеше жена во блажена состојба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Би мислел човек дека таа за ништо не се грижи, особено кога се деновите олку топли и пријатни.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Оваа бела пријатна светлина во која се наоѓам никогаш не би ја напуштил. Толку е мека и пријатна.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но и притоа се надевам оти за Македонците ваквиот јазик ќе биде попријатен и позвучен од јазикот на нашите соседи, со кои ние сега-засега се дигаме наголемо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во меките и тивки ноќи на пријатните годишни времиња, обично мајка ми ги отвораше сите големи прозорци, и ние го наслушнувавме дури и дишењето на реката, таа живо нѐ поврзуваше со течењето на времето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од чешање ѝ идеа пријатни трпки по снагата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Пријатен ден вечер и утро живејте мудро.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
И пријатен насмев му го раздвижува лицето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пролетниот повеј што иде од морето му ја мрешка косата, му ја полни пазувата преку распетланата кошула со пријатен скокот, фиука во ушите и одминува во правец на градот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Просто чувствувам како пријатноста ми доаѓа и пријатно ми е од самата најава на пријатноста.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Аскетското дувло го претвори во пријатно одајче.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нешто меко скокотливо и пријатно му се вселува во телото и овој чуден сок - ракијата го смирува и здобрува со луѓето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Затоа и ми беше пријатен тој негов Русин, тој генерал, кој никогаш не нѐ посети иако татко ти постојано најавуваше дека сигурно ќе го доведе на оној негов боршч што го спомнуваше толку често, па јас напати и мирисот му го сеќавав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сето тоа го знаеше, и сепак, звуците ја имаа таа сила да ја раздвижат крвта на осаменикот со пријатна илузија за она што најмногу не му недостасува и за што страдањето вака тешко се поднесува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)