пријатно (прил.)
Но неговите раководители мислеа друго: тие во иднината, како и во сегашното, го гледаа само тоа што им е пријатно да го видат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Пријатно е да ја имаш среќата за прислужничка Додека ти ја отвора розовата врата на утрото И ти го принесува на прекрасно дизајниран тас Долго очекуваното изненадување.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Зраците на изгревот удираа во неа и трептежот на нејзиниот полн сјај продираше во собата меко и пријатно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ако добро се загледаш, можеш да откриеш и нешто пријатно; долж реките игриво, весело и расцрцорено летаат едни златни ластовички кои толку убаво стојат на црната подлога.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Прилегаше на огромно градилиште и движењето по него не беше многу пријатно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пријатно блести но тој сјај не е сигнал на есента.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со пријатно миризлива кожа која испарува низ устата и телото.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Под сенката на нивните разгранети крошни беше тихо и пријатно.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Пријатно му е од топлината на земјата и на стеблото.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Просто чувствувам како пријатноста ми доаѓа и пријатно ми е од самата најава на пријатноста.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И така, патникот заборава и на опасностите и патувањето станува дури многу пријатно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И имав потреба да сторам за него нешто што би му било пријатно, јадењето да е вкусно, облеката да му биде испрана и испеглана, креветот да му биде чист и удобен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пријатно е да се доживее убавиот сон, па нека е и лажен.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На Влаинката ѝ беше пријатно тука, со лице изложено на благото сонце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пријатно е во нивната куќа. Голема е, дворот е убаво уреден, над терасата има лозница и сенката е дебела, па не е жешко како кај нас дома во станот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но откако ги прошета и двата ката отворено им призна дека е пријатно изненаден од начинот на кој е изведена адаптацијата и тоа без стручна помош.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Откако ќе ги изгаснат сијалиците во нашите соби и ќе ни речат „Пријатно“, ние двајцата ќе побараме да ни донесат вода за пиење...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се почувствував пријатно со мојата ситна дланка во неговата топла шака, дури некако потраа тој пријатен стисок.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И покрај ваквиот исход во најзиниот случај, Ангелеска начелно е задоволна од конкретната работа на судиите, а и е пријатно изненадена од тоа што решавањето на спорот се случи на само едно рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)