пробие св.

пробие (св.)

Успеал да се пробие низ сите обрачи и дојде да ме види.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зад Тврдината преку реката се пробиваа првите сончеви зраци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И долго, долго да нѐ чека крупното буре на ноќта остриот млаз на денот да го пробие да бликне еден бел пат широк пат што ќе го однесе од тука.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Гласот му пробиваше како челик: „Те распитуваа и те прашуваа за мене?“ „Да, не многу“, одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го држам на калач детето и се пробивам низ подземниот тунел кон перонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го проби оловото но ако останеше жив ќе го чекаше ли своето распетие?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Месечината ги пробиваше здружените круни на дрвјата под окитот во ретки, испокинати и морничави светли пруги, кои на таа модрикава темнина ѝ дава некоја сина глобочина, а самите во една ваква зачмаеност личеа повеќе на врескање, отколку на месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Автомобилот тешко се пробиваше кон стрмата угорнина низ кривулестиот пат кој бил трасиран уште во времето на италијанската окупација со крајна цел во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дождот што туриваше силно пронашол некоја скршена ќерамида на покривот и пробивајќи се низ таванот сѐ повеќе тропа на масата и подот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јато летечки риби што пробивајќи ја границата меѓу двете сфери доаѓаат од морето и се селат во нас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во далечината пробиваа првите црвени зраци на изгревот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога се пробиваш низ шума од каприци и пакости, кога те дебне дива и груба похота!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Под малото уво спојот на квадртната вилица беше ниско паднат како да сакаше да ја пробие кожата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дождот сѐ повеќе се засилува, но Богдан не станува од клупата под борот, пробивајќи се низ короната му паѓаат јадри капки на главата и плеќите, му ги пробиваат алиштата и му ја влажнат кожата ширејќи му благи трпки по телото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како капка вода да се обиде да пробие од кожата под стаклото на окалките, за да не најде отворена пора и да се разлее полека кон темниот печат на едната страна на врелото лице.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А кога го проби оловото, видов дека и како мртво сака да го испие животот со очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се виде како чекори полека кон циркуската кола од која секогаш низ лимена лула благо пробиваше чад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе