провинцијализам (м.)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Наместо збирштината од провинцијализми би уследило времето на светската литература.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Имал само шеснаесет години и во неа нашол пријателка, советничка, речиси мајка, која не само што го обучувала околу облекувањето и однесувањето, што наскоро му овозможило да го избрише својот провинцијализам туку кон него покажала и мајчинска грижа, што веројатно му била од голема помош на повеќе начини.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
- Смачено ми е од извештачено продавање на приучени манири, смачено ми е од користење на интернационални фрази за да изгледаш помудро, смачено ми е од целиов овој провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Може да се укаже и на несомнената сличност на „Настан“ со „Јонич“ на Антон Чехов: овде исто така царува не толку географски, колку духовен провинцијализам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во рускиот јазик, валенкис-от не се само мастилни чевли кои се ставаат подеднакво зиме и лете, тие се подеднакво и симбол на конзерватизмот и на провинцијализмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)