прогонство ср.

прогонство (ср.)

Во триесеттите години се обидува да се доближи до официјалната идеологија и го избегнува прогонството во Сибир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во меѓувреме ги признаваме само кралот и Владата на прогонство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Земјата минува низ мачни искушенија: следеа монтирани процеси во името на класната борба, се множеа идеолошки и верски прогонства, придружени од страшен лов на вештерки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
О јаболко на гревот! зарем не е маѓијата што прогонство ни нуди тој плод што во нас незапирно зрее?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И тој ги читал, пред прогонството, древните книги на руските сонувачи... Избор критички осврти на романот Патот на јагулите (Водена пирамида)
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да чујат сега Американците за прогонството на Барак, маф ни е работата.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Мајка, кутрата, ни насоне не можеше да насети дека во рацете ја држи пресудата за Татко, за прогонството во Голиот остров на Јадранското Море, пресудата за крајот на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште позакржлавени во сенката на своето прогонство, доволно се мали за да летаат со помош на пловечки кожинки кои во вид на крилја се распнати меѓу долгите, ’рбетовидни прсти, налик на букет опашки, и така сите тие создаваат...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со декрет од 30 март 1492 година во чудесната палата Алхамбра во Гренада е објавен декретот за прогонството на шпанските Евреи низ Европа и Медитеранот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму така направи шинтерот Ф во ноќта дотогаш непозната за него; во ноќта кога со чудна помиреност го прифати прогонството во пределот каде кучињата се плашат од луѓето-скитници; во ноќта кога сфати дека дење гулабите се сиви колку и небото, па не се гледаат, исто како да не постојат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во присет ми идат зборовите на Емил Сјоран од силогизмите на горчината: Сите клевети- револуции, војни, прогонства имаат иста генеза запишана на едно знаме! И ние се готвевме за некој поход.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настапија неверојатни промени на Балканот и во Европа, во кои и во најбизарните соништа не би можеле да поверуваат Татко и Камилски додека беа живи: се урна Берлинскиот ѕид, најголемата европска граница по Втората светска војна, се распадна СССР и се растури Варшавскиот пакт, подоцна низ невидени братоубиствени војни се распадна и СФР Југославија, се создадоа нови независни држави, проследени со невидени етнички чистења, прогонства, логори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Михаил Зошченко - човек кој во 1917 година имаше дваесет години, кој замина да се бори за Советската власт, ги опиша луѓето од истата таа власт во својата „Сина книга“ (мал извадок од неа токму презентираме во нашиот избор) - за подоцна советската власт да му се одмазди на веќе познатиот начин, со затварање, прогонство и смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Татко често размислуваше за сложениот еврејски идентитет создаван најмногу во меандрите на егзилот, почнувајќи, според Стариот завет, од нивниот егзодус од Египет до нивната Ветена земја, од егзодот од Палестина, преку ропството под Римската Империја, прогонството од Шпанија, за централниот хебрејски јазик, но и за двата признати јазици на дијаспората јидиш на северните Ашкенази и јудеошпанскиот на јужните Сефарди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во својот извештај Еванс посебно ќе ја потенцира убеденоста на „поголемиот дел од Славо-Македонците дека една од основните цели на Британија е да го врати кралот на Хелените, а кралот за нив значи Метаксас, со неговата забрана за кози и словенски јазик, просветителска практика, како казните, затворањето, рициново масло и прогонство во Бугарија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За да избега од својот несреќен брак отишла во Париз, каде нејзиниот татко веќе живеел во прогонство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Навидум се работи за два различни поими, но тие, сепак, означуваат две варијанти на прогонството: сургунот има општ карактер, подразбира масовен и принуден егзил, додека гурбетот е повеќе индивидуална и честа појава, најмногу предизвикана на Балканот од сиромаштијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но зар сѐ она што се случуваше по нашиот пораз: новите војни, новите прогонства, новите несреќи, не потврдуваат...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе