продажба ж.

продажба (ж.)

Во приземјето ѝ е сместен дуќан за продажба на очила, чие лице гледа во прекрасните сводови на знаменитиот Камен мост врз Вардар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Иако не е строго легално, не постои успешен случај на кривично гонење за продажба на нитрити, бидејќи проблемот сѐ уште не е покриен со законот за дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Средствата собрани од продажбата на материјалите ќе бидат наменети во добротворни цели, како за реформи, реформирање и расформирање на многумина што ќе бидат фатени таму каде што не припаѓаат, односно како работат на наталитетот со заштита, што е најстрого забрането, или се работат и го потпомагаат наталитетот во општина во која фактички не живеат и не гласаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Продажбата на пијалак на лица на одредена возраст своевремено се разликуваше од држава до држава, но сојузната власт ги примора сите држави да не продаваат алкохол на помлади од дваесет и една година.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Истанбулската вода не е питка а оваа што се продава, во чашки или во шишиња, по рестораните, се довлекува од други места и со нејзината продажба многу луѓе печалат убава пара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некои држави им дозволуваат на месните власти да ја забрануваат продажбата на пијалок во баровите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поседувањето и продажбата на дрога се третираат како кривични дела, иако наводните последици на таа политика се мали во однос на американските стандарди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од укинувањето на прохибицијата 1933. година, прописите во врска со продажбата на алкохол не се исти во законите на сите сојузни држави. 75
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Барем циганите ќе закрпат некоја дупка и ќе кснат месо од дилот и продажбата на дотичната шмизла.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со други зборови, токму во добата на овој вечен транзициски мит, бесрамно и немилосрдно се руинирани многу човечки судбини од некогашната „средна класа“, која живее од продажбата на својот труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На слободна продажба се ставени градите (или она што од нив останало).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со намалувањето на продажбата и лошото раководење настанаа услови за влошување на работната атмосфера и условите за работа, како и нередовност на платите и нивно исплаќање во најразлични производи од компании кои своите обврски ги подмируваа со компензација т.е. взаемно пребивање на побарувањата или нивно намирување во натурален облик.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од продажба на женски накити припечалува добра пара.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бидејќи илегалната продажба главно би исчезнала, малолетниците веројатно не би се регрутирале за дилери, како што е случајот сега.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, и покрај овие проблеми – годишната продажба на друштвото изнесува околу три милиони евра.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тоа може да биде привидна негативност, како некаква доброќудна шега на сметка на производот, што на крајот може да испадне и позитивна реклама што се однесува до продажбата, но може да се случи и производот едноставно да биде „покопан“ преку порака од филмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе