производ (м.)

Па дури и технолошкиот напредок се случува само кога неговите производи можат на некој начин да бидат употребени за намалување на слободата на човекот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Омраза и огромно разочарување беше производот кој го добив на крајот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Според систематизацијата на работните места, Авдиќ работеше како референт во комерција задолжен за следење на побарувачката, известување за цените и начинот на дистрибуција на производите на пазарот во главниот град и во Косово и често одеше на службени патувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Точно е дека малку сум пристрасна во работата, зошто ја сакам, го сакам тој бренд и неговите производи ги обожавам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Важно е дека се потврдува оти главната трговија на Никола Поцо не му била волната и другите ситни прехранбени производи, туку лиферувањето на оружје за турската војска.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Понекогаш е доволно само производот да се даде на користење, без некоја посебна парична надокнада Сѐ на сѐ, методата е проверена, силна и едноставна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Операциите применуваат дополнителни ограничувања врз производите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јовановци беа познати и по тоа што се занимаваа со сточарство и производство на млечни производи: во истото слепо уличе, ама од спротива се наоѓаше аурот во кој живееше добитокот на Јовановци: кравите кои понекогаш најмалиот брат на Томето – Лазе ги носеше на пасење, а најчесто момокот Васе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нека ми простат скаменетите самовили од Леденото Езеро, ама тврдам нивните приказни за Вок со едното око се производ на лагите со опашки со кои се обидуваат да си го возобноват угледот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се сети дека се сеќавал на спротивни работи, но тие беа лажни сеќавања, производи на самозалажување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многумина разбраа дека таа ги раздава производите коишто ги купува, па постојано, без да ѝ кажат, ѝ правеа големи попусти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така бискупот во „теоријата“ ја видел онаа „идеална чевла“ која тогаш лесно ја споредувал со производот на кондураџијата и на тој начин заклучувал колку вреди изработената кондура, односно колку ѝ се доближува на идеалната.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ви ги враќам готовите производи. Го барам алатот назад!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Скопскиот производител се покажа само со два свои производи: трпезариска маса со столови, во стил, и со една дневна соба, наменета за самци и за хотелски објекти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така настана некој производ што се пакуваше во истата пластична амбалажа само во проѕирна варијанта.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Суштински чин на војната е уништувањето, не само на човечки животи, туку и на производите од човековиот труд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѓорѓиевски одлучно истакнува дека ваквиот игнорантски однос на државата е апсурден и несфатлив, особено кога се работи за земјоделски култури кои се од стратешки карактер за националната аграрна политика, култури од кои се добива загарантиран доходовен производ, во случајот, шеќер.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговата жена работи во една фабрика за сувомеснати производи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе