произволност (ж.)
Не, тврдењето на Рајна дека дед Павел се фркнал, беше една голема произволност што во најлош случај може да те растажи ако веќе не те засмејува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На пример, аранжманот на текстот “Empty words” со знаците на интерпункција и со Торовите цртежи не само што подразбира субјективно гледање и слободен избор и размена на елементите, туку паѓа во очи и со својата произволност и насилството кое го врши врз јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Барокниот“ стил, или она што го подразбираме под „магиски реализам“, го среќаваме во оние раскази чија произволност мораме да ја прифатиме ако сакаме да поверуваме во нив. Таков е, на пример, расказот за Моне Хенџов-Даров.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Спротивствувајќи им ги фините закони на хуморот на оние закони со репутација, тој директно фрла на нив сомневање кое се однесува на нивните апсолутни вредности. Ги прави апроксимативни, така што стануваат систем чија произволност станува очигледна.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)