прокапе (св.)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стегни го малку и вода ќе ти прокапе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И ние ли, потпрашуваше старата погледнувајќи накај покривот кој прокапуваше на секој подолг дожд.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Капавица напладне прокапуваше одвај само од оние страни на куќите во кои речиси и дење и ноќе гореше оган.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тропаат лажиците и виљушките, ѕвонат гласовите, а нејзе ќе ѝ прокапе некоја солза од радост и среќа, додека ме кара мене дека, ете, лубеницата не сум ја доизладил како што треба, а сто пати ми рекла да донесам уште мраз.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мирис на влага прокапа низ скалите и тукушто излегов, навистина зароси.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој го пренесе водениот прав кај пиперот и остави водата да ги милува садниците, да ги капе прашливите лисја и да прокапува во жедната земја.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)