прониклив (прид.)
Тој тоа го прави со скриени намери во кои изненадувањето е проникливиот миг на раѓањето.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Ѝ завидуваа на вродениот инстинкт кој заедно со нејзинита проникливост секогаш ја правеа посупериорна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Дали се само природно сомничави или и суштински зли, дали за психологијата на масата е карактеристично дека ќе уништи секој новум, или проникливоста на масата е, всушност, инстинктивна и посилна од со разум поткрепената логика на образованите?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Новиот бог застануваше пред мене со раширени раце полни со глина, и со прониклив, пророчки поглед љубопитно навлегуваше во мене,копаше, ги читаше мојот крвав пергамент и го препишуваше со глината.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Што е најважно, тој поверува во нејзината проникливост и затоа конечно реши со неа и понатаму да игра игра на глушец и мачка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пишуваа прониклива поезија и поетична проза, го сакаа џезот на Афро-американците.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сето тоа беше надвор од него, насетуваше Ѓулсиме со својата детинска чистота и женска проникливост.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Посакувам да бев малку повеќе прониклив. Сакам навистина да расчистам со причината зошто ме зедоа со нив?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Погледот горд и безмилосен, гневен и убиствен, огнен, суров прониклив, победнички, исполнет со вера и само што гром и оган не паѓа од небо за да го спепели непријателот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зошто е потребна таа проникливост?“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како е можно луѓето да се неблагодарни, па уште и проникливи, како што велиш?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Проникливоста и бистрината на Рада сакаше да ја обезвреди со своите јасно кажани погледи на животот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мислата како амајлија која ја води низ векот, животното искуство како мелодија која ја надополнува композицијата. (Дис)филхармонија на морфолошките истражувања, скрибомански пориви кои везат проникливи теми.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Обземен сега од потребата да стане, како што се вели, пророк во своето село, тој заборавил дека селаните се неблагодарен, но прониклив свет“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И зар не гледате дека таквите ретки ќошиња за криење се користат само за обични пригоди, и тоа само од обичните умови; бидејќи во сите случаи на криење, сместувањето на скриениот предмет – сместувањето на тој редок начин – уште од самиот почеток може да се претпостави, а и се претпоставува; и според тоа, неговото откривање воопшто не зависи од проникливоста, туку од грижливоста, стрпливоста и решеноста на тие што бараат; а кога станува збор за важен случај – во очите на полицајците, за огромна награда – спомнатите особини, колку што е познато, никогаш не недостасувале.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Никому нема да му ја продаваме, никого нема да го одбиеме и за никој нема да се двоумиме да ја пружиме – правдата и правичноста. (Заклетва за должноста судија) Луцидната и прониклива римска идеја-водилка за примарното значење на тужбата како средство со кое се стигнува до целта, спомената во воведот на книгава, ќе ја споменеме и на крајов – бидејќи таа, за среќа, повторно воскресна во правните научни кругови кон крајот на XIX век, под влијание на англо- саксонската и американската правна традиција, во правецот на познатите т.н. правни реалисти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во рацете на Нуне, на пергаментен свиток, двојазично беше запишано: „На блескавиот ум, поетска проникливост, научна аналитичност и храброст во верувањето и докажувањето на „Пакс-верс теоријата“ за мирољубивото решавање на маалските ненавидности и кавги, меѓународните омрази, меѓудржавните судири и војни, му се доделуваат ордените на Волкашин Нунески, поетото и изумителот од с.Варош, околија прилепска, во земјата македонска.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но оваа интерпретација е мошне разбирлива и причината е точно во овој карактер истовремено толку неопиплив и толку прониклив што сте му го дале на вашиот роман: многумина други можат да се асимилираат и препознаат во него.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)