пропорционален (прид.)
Незаменливото искуство од чекорењето по непознати патишта, возбудата од неодоливиот мирис и вкус на разните зачини кои со соодветно пропорционално мешање од мајсторите на кулинарството и најстраствените гурмани, стануваат деликатеси кај разни народи и култури.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не е поголема вистина тоа што, во физиката, големите тела потешко се придвижуваат од помалите и што нивниот momentum7 е пропорционален на таа тешкотија, од вистината дека, во метафизиката, умовите со поголеми можности макар што се посилни, постабилни и повлијателни во своето дејствување од умовите со понизок ранг – сепак потешко се сподвижуваат, збркани и полни со колебање во првите неколку чекори од своето придвижување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На 5 јули 2006 се одржаа петтите парламентарни избори според пропорционален модел, во шест изборни единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)