прорекува (несв.)
Кажи: имаш потреба да се скриеш
од сѐ и од секого,
ништо и никој да не те гледа,
така ќе ти биде полесно
да излезеш на крај
конечно на крај
на светот
но барем кажи:
тогаш сфаќам дека
се претворам во некого друг
налик на говорна фигура,
и се гледам со очите на другиот
и не сум сама, не сум јас ...
кажи - очите на јазикот дебнат
саноќ, дебнат везден
јазикот е видовит
гата, прорекува и се провлекува
отаде времето
кога му се испушта да каже
нешто што не треба
кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ми прорекуваш гроб а сега признаваш дека ќе те надживеам.“ во гладот на тој Константин како да се чувствува победа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)