простор (м.)

Отворен, бришан простор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Може да се скока и низ времето Ама тоа е сосема поинакво скокање Од скокањето низ меридијаните И за тоа си треба башка седнување и башка сонување Навистина понекогаш доаѓа до испреплетување На скокањето низ просторот и времето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ги подаде уште еднаш двете раце кон мене, во еден обид, за јас да ги прифатам, но виде дека нема простор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ова нема цена, ама бидејќи не може да се пренесе во Европа, таа мора да нѐ земе со просторот заедно.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Со благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Станувам и седнувам, немам многу простор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Остави ми простор за флуидни креации.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ти се гади? Симптом на труење од хипокризија во контаминираниот простор.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Гнасна кал. Чиниш сета нечистотија од овие простори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Рок музиката во овој контекст може да се сфати како синтетичка естетска форма на нови искуства, бидејќи ѝ претходи психоделична промена на свеста во која личноста привремено ја напушта конвенционалната свест и патува во себе, низ просторите на несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаеше дека на неговиот гостин му е потребно малку повеќе простор за неговите игри и дека тој сега ќе може и самиот да си го изнајде тоа и не отиде со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите се туркавме и се пикавме што подобро да го видиме, но двајцата овчари што го водеа замавнуваа со клоци и правеа простор околу него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Уште од самите почетоци јас сум обраќал внимание на говорниот јазик и сум барал за него простор во стихот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Авторот наведува дека 80 отсто од тие кои се повлекуваа по овој отворен простор беа убиени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Рекламен простор за клаустрофобични реклами Извежбана рамнодушност, како извинување за грешка која не си ја направил.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Се протна под рампата, го премина просторот до влезот на кој наоружан со револвер на појасот и со рацете на грбот стоеше чуварот кој му се испречи на патот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но не барајте овој пат да се впуштаме во темелни објаснувања за тоа како е создаван тој небесен простор и каква е целта на необичниот зафат околу времињата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бидејќи буџетот не можеше да овозможи приватни тоалети и слични објекти, нив ги сместивме во простори кои даваат нужна приватност во смисла на местото и времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Аглите на просторот кој го изгради само за себе нека добијат нова димензија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе