протегне св.

протегне (св.)

Нѐ напикаа во една соба: да нема место да се протегнеш, ногата да си ја исправиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не видов кога протегнал рака.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сева корија и сиов камен што го гледате длабоко под мене протегна жилав корен и мојава става што вишнее усамена под ридов сте вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Нозете му се протегнаа дури до самиот влез на колибата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се протегнаа раце со мали земјани чаши.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можело да се претпостави само дека преку нејзиното чело се протегнала уште една брчка, нова и непозната, за капка пот во ноќите на стравот, во ноќите кога повторно ќе си ја прераскаже историјата за оној некој дедо на вториот Онисифор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Будимпешта, низ која тече Дунав, е посебно доживување за оној што овде првпат ги доловува нејзините силуети и сиот град, кој се протегнувал на близу четириесеттина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Протегна рака и од босчето исече едно подебело парче, па си зафати да си делка црцало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во пролет и во есен доловите и ендеците се поројни, преку зима замрзнати, а налето само тенка водна нишка, која никогаш не стигнува и да пресуши, се протегнува низ нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се спушта во малечка заветрина, Јасики, и искачувајќи се по јужните падини на Зајачки Рид испливува горе на ридот и по него се протегнува сѐ до Алилово, односно сѐ до крајот на источниот лак на Потковицата, односно сѐ до конечниот крај на целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Помеѓу нив се протегнуваше невидлива оска и тие се зацврстуваа на двата краја на оската, за да ја зачуваат рамнотежата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кумовата Слама спокојно се протегна преку небото, ѕвездите беа од сеачка торба великодушно расфрлени.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А се сеќаваше на многу вакви прогонувања, и со оние помалите вепри, знаеле да се протегнат во бесконечност, од која најпосле е тешко и да се вратиш дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се протегнавме дури до железничката станица, вели, на нас беше и оружјето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се протегнам ко оној облак од огнови и од виножито за да го заграбам името твое но дали само во името злоста е?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во овие часови обично излегувам за да си ги протегнам нозете. Ништо друго.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За тоа разбрала продавачката, ја протегнала раката и му ја извадила кукавицата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Уредента, со чекор на човек што управува голема трговија, од стариот напуштен автомобил излезе Баждар и се протегна слеп од силното летно сонце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Протегнува суви раце. Го свлечкува јашмакот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе