профитабилен (прид.)
И затоа пола држава лежи на психијатриски кауч кај другата половина, којашто навреме одбрала профитабилна професија.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Оваа „високообразовна” и профитабилна институција од спортски карактер започна да се развива пред околу 15 години и денеска може да се каже дека спаѓа во редот на најатрактивните и најпосетени места во градот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа е последица на наметната вештачки и артифициелни митологии родени од профитабилна лакомост и во функција на ништо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бланш, изолирана од просторот каде што беа сместени таблите со концентрични кругови, џубоксот, машините за играње со топчиња и автоматот за цигари - можеше да служи оброци по поволна цена и едновремено да води и профитабилен бизнис.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како резултат, современиот урбан јавен простор – заснован врз премисите на ред, надзор, контрола и профитабилна употреба – е хибрид од намалено политичко претставување и зголемен комерцијален интерес.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во дваесеттите години, војната на бандите беше профитабилна тема од година во година, но сетете се дека тогаш немаше телевизиски слики или војна на банди на екран.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)