прошепне (св.)
Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога го залепи ушето на дупчето сосема јасно го слушна шепотењето од комшијата. Му прошепна и тој на дупчето и разбраа двајцата дека се слушаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Да им се позлати српот, - си прошепна старецот, па ги сврте очите кон ледината над својата колиба, каде што некогаш во неговото вистинско време, пред повеќе од дваесетина години, се брануваа златни жита.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Месечината ѕирна уште еднаш низ прозорот, еден весел зрак се доближи до увото на Снежана, нешто ѝ прошепна во сонот и си отиде...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И како што се стискаше на задниот ќош, се довлечка лазејќи до Шаќира и му прошепна: — Речи им бре, речи им.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Никој од нив не прошепна ниедно зборче. Никој не ни помисли дека оној е луд.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мајка ѝ прошепна Не е тука, злато, тој седи дома, овие се само неговите сватови.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Леле, кој ќе го изеде сето ова? - со вистинска загриженост прошепна Денко, шетајќи со очите по поставените јадења.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Насекаде наоколу беше топло, а тој прошепна - Доста.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Останатото мене остави ми го! - прошепна Митко.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Јас се вратив. Простете, учителе! Виновен сум, - прошепнува не кревајќи ги очите.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Но таа го гледа и чека одговор. Тој прошепнува: „Така нешто...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Златната она, прошепнуваше Перса, бабината радост!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Јас сум она мало, гумено мече, - пак прошепна гласот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)