проѕира (несв.)
Како што животописот на Никола Поцо пишуван со раката на извесен учител носи во себе само привид на објективност кој се открива дури кога Башевски ќе воведе и други, наводно историски документи кои го побиваат ракописот, така и другите субјективни раскажувачи во романот, раскажувачи на кои не може да им се верува докрај, се препознаваат и се проѕираат дури во судирот со другите нараторски гласови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На таванот висеа уште две главици кромид и неколку чешни лук, а на врвката се прозираше уште еден тенок ремен сланина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оттука Качак почна да заостанува, да `ржи и да го проѕира мракот со пламенот на комитските очи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Децата ми заслабнаа, кожата им се проѕира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лист момирок сум и се проѕирам и можам да видам во себе мртов звук.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Неговите очи студено ме гледаа. Имав чувство како да ме проѕираат.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)