пројде (св.)
Само иронии можам да претставувам, да шлакам по платното, тоа заслужуваат овие неранимајковци – со возбуда во гласот додаде. –Во трите галерии пројдов!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
АЈ ВЕДНАШ ТРИ РЕКИ И ТРИ ГОРИ ПРОЈДИ, ПО ТРИ ДЕНА ТОА ЌЕ ТЕ СРЕТНЕ ВАКА...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Истовремено знаеше да се испрчи пред животот, дозволувајќи ми тој да ѝ удира шлаканици, но и да пројде низ него, како бестрашен борец кој напаѓа од страна, за да се одбегне ударот на противникот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тој ден не пукна ниту една пушка, не излета ниту еден авион, не рикна ниту еден топ, не пројде ниту еден тенк и ниту еден генерал не даде заповед за битка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но, на рамо вие го носевте сина ми довде, голем пат вие сте прошле . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пројдов скоро два километри низ снегот...фајде нема...па нема...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На спеш'л – намаление, со тоа што плаќаш редовна цена, а мислиш дека си прошол поефтино.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Утредента добија уште два, полни со сѐ што на едно семејство во неволја му е потребно да ги пројде деновите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со палецот и кажипрстот пројде преку очите и почна: - Значи, сите сте тука, нели? Молк.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не можеше така да пројде, па ги вежбавме, на „сец“, препознавање барем по првата буква.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Види брат, нема пизда од тука шо не сум ја прошол.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Му читаш во растреперените раце дека не е подготвен да си го покаже навежбаниот задник, на кој е посебно горд, но само во панталони затегнати со дупла игла на ременот и, како син на мама, која исто ги воспитувала и него и дада му, демек „прво само до пола“, строго се држи до лекцијата, а мота низ главата зборови со кои истовремено ќе остане „мачо мен“ (а ќе одигра како путе на пубертетлика, која час не сака, час умира од желба да направи нешто недозволено), за да има што да раскаже по пет испиени пива, и тоа фури по петтото, како неверојатно си прошол и како усреќил некоја, која, секако, во приказната ќе биде барем десет години помлада и барем десет сантиметри повисока и десет килограми полесна, со „страва“ тело и гради и, што им е исто така важно, „многу паметна девојка" и, во приказната за безобразно добриот секс ќе изостави дека таа, всушност, си заминала!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А ти само климаш со главата, ја слушаш како последно да ти е, и ја разбираш, дека сето си го прошла, па и потешко од нејзиното а веќе го гледаш ко филмче во гравче, оловце, кафе....или во дланката.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
АНЃЕЛЕ: Како сакати пци. ДИМИТРИЈА: Ќе пројде како на кутре.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Бррм... Еве го, дојде и пројде, сега може на раат да задремеме.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Многу е виновен, му ги открила тајните картички и чудни необјасниви одливи на пари од нив, па ќе мора цел град да го пројде со нејзе за на крајот да го врати во првиот дуќан во кој влегле утрово и сè од почеток...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)