пува несв.

пува (несв.)

Сега можноста за пушење го заинтригира, не само да запали цигара и да ја пувка, туку да ја пуши како едно потполно ново искуство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ирина е свртена кон прозорецот и ја пувка цигарата, а Жења клекнала зад неа и плаче ко дете за јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога е топло ќе си седне дедо Спасе во дворот, ќе си го завитли лулето и ќе пувка важно, важно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ирина си ја пувка цигарата и на ништо не ја клава Жења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па, мамо, огладнев, - вели Мирко и пувка со устата - Пув, пав...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Со првото пувкање на чадот, острото сознание за неговата состојба и тежината на тоа што требаше да го направи, го обзедоа и во неговата душа предизвика празнина, која потоа премина во амбис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Возот си пувка, кљан, кљун, си патка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нему баш му беше гајле, не беше тој човек кој се пува, ама им беше важно на луѓето, им требаше церемонијал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)