пукало (ср.)
Мене очиве ми капат од срам. Не знам кај да гледам. А и нему очите не му се за гледање. Му излегле ко пукала, надвор ќе му испаднат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По нејзиното заминување, луѓето одеа на местото каде што пукаше војската да видат што е станато и идеа со ифрит во душата велејќи: по никакви качаци не пукала војската, туку вежби си правела...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Некаде околу седум часот, три часа откако пукала во мене, се предала на полицаецот на Тајм Сквер.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во таков Трајко, во неговите силни раце, Толе ја виде долгата берданка како пукало од бозеј во рацете на осмогодишно дете и навистина го обзеде, за првпат, страв од човек.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)